Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави во интервју за американскиот сајт „Политико“ дека се уште не ја загубил довербата во лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун.
Трамп не му придаде значење на недамнешниот тест на ракети со краток домет кој беше спроведен во Северна Кореја.
-Од краток домет се и не сметам дека е прокоцкана довербата. Во еден миг можеби, но сега не. Се работи за ракети со краток домет и тоа се стандардни работи, изјави Трамп.