Првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на град Скопје против ларви од комарци, ќе се изврши на 11 мај (сабота), во раните утрински часови, информираат градските власти.
Од таму додаваат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.
Воедно, се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.