Папата Франциско ја посети спомен куќата на Мајка Тереза, каде се помоли и положи цвеќе.
Во спомен куќата, Папата се сретна со претставници на верските заедници во земјата.
По средбата со верските лидери, во амфитеатарот зад Спомен куќата на Света Мајка Тереза, Папата Франциск имаше средба со ранливата група на граѓани, по што се упати на миса на плоштадот „Македонија“.