Во Хрватска пристигнува едно од најмоќните оружја на светот – носачот „Абрахам Линколн“. Со одобрение на владата, во Сплит треба да пристигне овој нуклеарен носач на авиони, кој е петти носач на американските авиони на нуклеарен погон „Нимиц“ во својата класа и е во служба од 1989 година.
Тој е долг 333 метри, има капацитет за 85 авиони и на него има над 5.000 члена на екипажот.
Од независноста на Хрватска во Сплит беа закотвени два американски носача на авиони, а во мај пристигнува и третиот – воениот нуклеарен брод „Абрахам Линколн“.
Одобрение за влез во водите на Република Хрватска и престој во хрватското пристаниште побарала американската амбасада по што добила одобрение од хрватската влада.
Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон вреден 4,8 милијарди долари ќе биде закотвен пред Сплит од 8 до 11 мај.