Лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев од вечерашниот завршен митинг од Битола испрати три пораки.

Првата порака е дека режим во Македонија повеќе никогаш нема да има ниту пак ќе се врати.

Што се однесува до пораките кои против кандидатката Гордана
Силјановска – Давкова постојано ги испрака до граѓаните дека требало да
има правда во државата, правда има и ќе има. Но не како што таа ја
замислува правдата да го аболира Никола Груевски.

Третата порака која ја испрати Заев од Битола е битолчани в недела масовно да излезат на гласачките места и да го дадат својот глас за Стево Пендаровски.

– Сите оние кои во првиот круг не излегоа на гласање и сметаа дека и без нив ќе се избере претседател, или ни се лути за некои наши пропусти овој пат мора масовно да излезат и да го дадат својот глас, бидејќи се работи за иднината на државата. Патот по кој одиме на кој имаше препреки, дупки и на кој се сопнувавме паѓавме, но и станувавме. Друга алтернатива нема. Ако има нека ја кажат и по неа да дискутираме – рече премиерот Зоран Заев.

М.М.