Училишта, медицински установи и населби во северозападниот дел на Сирија, кои се под контрола на бунтовниците, беа погодени од најжестокото бомбардирање во изминатите 15 месеци, изјави регионалниот хуманитарен координатор на Обединетите нации, Панос Мумцис за „Ројтерс“.
Руските и сириските сили ги интензивираа воздушните напади во северозападниот регион во текот на ноќта, така што тие станаа најжестоки од кога е прогласена демилитаризираната зона во рамките на руско-турскиот договор, објави претходно неименуван извор.
– Имаме информации дека хеликоптери и авиони бомбардирале образовни, здравствени установи и области за домување. Бомбардирањето со барел-бомби е најлошото што го видовме во последните 15 месеци – рече Мумцис во Женева.