„Мерцедес“ удри во трговски центар во Хамбург со и повреди двајца луѓе, пренесуваат локалните медиуми. Сите присутни во објектот се евакуирани, а полициските и спасувачките екипи се распоредени на местото на инцидентот.
Возилото, наводно, ги скршило стаклените врати на трговскиот центар пред да застане на ескалатор во внатрешноста на зградата.
Според полицијата, возачот на автомобилот бил постар човек кој се обидувал да го паркира своето возило. Портпаролот на полицијата рече дека инцидентот се третира како несреќа, а не како терористички чин.
Возачот и другото лице повредено во несреќата доживеале шок, според полицијата. Според портпаролот на противпожарната служба, целиот инцидент траел пет до осум секунди.