Поранешниот гувернер на Масачусетс Бил Велд изјави дека ќе се бори со американскиот претседател Доналд Трамп за номинацијата на Републиканската партија за претседателските избори во 2020 година.
Велд е првиот републиканец кој објави дека ќе се приклучи на претседателската трка за изборите следната година.
На овој начин, Трамп ќе стане првиот актуелен претседател на САД, покрај Џорџ Буш во 1992 година, кој ќе се соочи со сериозен предизвик на партиските избори.
При објавувањето на својата кандидатура Велд рече дека „е време за враќање кон принципите на Линколн – еднаквост, достоинство и можности за сите”.
Националниот комитет на републиканците издаде необврзувачка резолуција во јануари, со која објави поддршка од партијата за Трамп.
Велд беше либертаријански кандидат за потпретседател на изборите во 2016 година. Тој беше во дуел со претседателскиот кандидат Гери Џонсон. Двајцата стигнаа до третото место со 3,2 отсто од гласовите на народните избори.
Велд ја објави својата кандидатура на Си-ен-ен и рече дека со нетрпение чека да се соочи со Трамп на првичните избори. Според него, би било „политичка трагедија” ако Трамп добие уште еден мандат.