Кандидатот за претседател, Блерим Река денеска се сретна со лекарите од Клинички центар „Мајка Тереза“. Посочи дека причината за неговата посета е алармантното иселување на лекарите и техничкиот кадар и дека државата треба да преземе мерки за спречување на овој тренд.
-Во мојата претседателска програма, од петте приоритетски столба, еден е за спречување на иселувањето на младите и со кого да дискутирам за тоа освен со лекарите кои се главен таргет за иселување- рече Река. С.Н.М.