Пронајден е женски труп во водите на Вардар, под мостот во близина на Комплекс банки во Скопје.
Според првичните сознанија, станува збор за повозрасна жена, која паднала во реката и се удавила. Случајните минувачи се обиделе да и помогнат, но не успеале. Нејзиното тело, наводно, било извлечено стотина метри подолу.
Екипите на Итна помош и на полицијата моментно се наоѓаат на местото на несреќата.