Најстарата детска градинка во Кичево, „Олга Мицеска“ која е отворена пред педесетина години и во која се сместени 160 деца на возраст од 9 месеци до 6 години, наскоро ќе добие нови ПВЦ прозорци, што се обезбедени со средства од Бирото за регионален развој на Република Македонија.

-Со средства од Бирото за регионален развој на Република Македонија, целосно ќе бидат заменети старите дрвени прозорци на детската градинка „Олга Мицеска“ во Кичево, во која се сместени 160 дечиња на возраст од 9 месеци до 6 години. Со поставувањето на новите ПВЦ прозорци, ќе се подобри затоплувањето на целиот објект, бидејќи ќе се намалат загубите на топлинска енергија, што ќе придонесе да имаме и заштеда во затоплувањето на најстариот објект за детско сместување во градот. Претходно го преуредивме ентериерот на детската градиника, а пред влезот на истата, обезбедивме и десет нови паркинг места, кои што овозможија родителите без да бараат место за паркирање подалеку од градинката, да бидат во непосредна близина на објектот – истакна директорот на детските градинки во Кичево, Садик Ахмети.

З.А.