Откажана е планираната реформа за социјална заштита, изјави синоќа претседателот на Никарагва Даниел Ортега, откако претходно бран протести ја погодија државата во знак на револт од најавената реформа, при што седум луѓе го загубија животот.
– Претходната резолуција, од 16 април, која ја започна целата оваа ситуација, е отповикана, поништена, ставена настрана – истакна Ортега.
Протестите во средата ги почнаа работниците и работодавачите во Никарагва, гневни поради планот, со кој тие ќе мораа да издвојуваат поголеми придонеси за пензискиот систем, а новиот закон предвидуваше и намалување на пензиите за пет отсто.