Скопската публика ќе има можност вечер во рамки на 21. Скопски филмски фестивал да го гледа кратометражниот игран филм „Види ја ти неа“.
Проекцијата е во 19 часот во во Кино Милениум.
Филмот беше прикажан на 38. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, каде ја освои наградата Мала камера 300 по што следуваа престижните фестивали во Санденс, каде му беше доделена наградата Најдобар интернационален краток филм и 40. Клермон-Феран фестивал за краток филм, најпрестижниот фестивал на светско ниво посветен на краткиот филм.
Следуваа и 23. Кино Павасарис-Интернационален филмски фестивал во Вилниус, 65.Мартовски фестивал – Белградски фестивал на документарен и краток филм каде што освои Гран при во категоријата игран филм.