Додека Северниот запад на САД се соочува со поларно ниски температури и високи снежни наноси, на другата страна на светот во Австралија во јануари се измерени просечни теператури кои ја надминуваат границата од 30 степени целзиусови, што го прави изминатиот месец најтопол во историјата на континентот, јавува Би-би-си.
Најмалку пет дена во јануари може да се вклучат во 10-те најтопли денови на сите времиња во Австралија, со температури над 40-от целзиусов степен, пренесуваат од Бирото за метеорологија на земјата.
Високите температури предизвикаа пожари во кои имаше повеќе жртви, а забележан е и пораст на луѓе кои биле примени во болница поради различни причини.
Летата во Австралија секоја година се сè потопли и потопли. Минатата година, во Сиднеј беа забележани највисоки температури уште од 1939 година, со измерени 47,3 степени целзиусови. Оваа година, на северот од Австралија во градот Аделаида беа измерени рекордни 49,5 целзиусови степени.