Стопанска банка го презентираше својот најнов проект со кој ја збогатува својата содржина односно понудата на кредитни производи со вклучено осигурување, меѓутоа и дополнително на тоа, станува најголемата продажна мрежа на осигурителни полиси во Република Македонија.
Со денешната прес конференција Стопанска банка АД – Скопје го започна одбележувањето на својот 75-годишен јубилеј како и започнување на банкоосигурувањето во соработка со Кроација Осигурување/Неживот и УНИКА Лајф. Преку своите 65 филијали, 24/7 контакт центарот и со повеќе од 120 лиценцирани застапници во осигурувањето, Банката на пазарот нуди најголема продажна мрежа на осигурителните производи, со што осигурувањето станува подостапно за секого.
Осигурувањето е дел од финансискиот систем на државата и претставува комплементарна дејност на банкарското работење, насекаде во светот. Улогата на Стопанска банка е да обезбеди едукација на клиентите за предностите на осигурувањето и за додадената вредност што ја добиваат преку користењето банкарски производи со вклучено осигурување.
-Осигурувањето во глобални рамки е веќе нераздвојно од класичните банкарски производи, а во Стопанска банка на клиентите им овозможува синергија, односно додадена вредност при користење на кредитните производи. Имено, сигурноста која клиентите ја добиваат со животното или осигурувањето од незгода е во поддшка на реализација на нивните планови а банката го поддржува направениот избор со дополнителни поволности – изјави г-дин Диомидис Николетопулос, генерален и извршен директор на Стопанска банка АД-Скопје по повод средбата со медиумите.
Со реализација на повеќе од пет илјади полиси преку банката во делот на животното и неживотното осигурување и позитивни реакции од клиентите, посебна популарност добиваат бесплатното годишно патничко осигурување кое го добиваат сите нови и постојани корисници на Visa/MasterCard кредитните картички на Стопанската банка кое се активира преку филијала или Контакт центар, кредитите со вклучено животно осигурување (потрошувачки, станбени, хипотекарни) со преференцијални услови и кредитите со вклучено осигурување од незгода и годишен ваучер од 400/600 денари кој клиентите ќе го користат за друга осигурителна полиса набавена од Банката.
Покрај понудата на банкарски производи со вклучено осигурување, клиентите ќе можат да ги добијат и сите други видови на осигурување како што се имотно/домаќинско и патничко осигурување со повластени цени, автоодговорност, зелен картон, КАСКО, осигурување од незгоди и слично.