Патниот правец Велес-Скопје на делот од наплатна рампа Отовица кон Скопје од 16.50 часот е затворен за сообраќај, поради расчистување на снег од коловозот, информира АМСМ.
Оттаму нагласуваат дека од 17 часот е укината забраната за движење на тешки моторни возила на патниот правец Крива Паланка-Граничен премин Деве Баир.