Славниот грчки композитор Микис Теодоракис излезе со отворено писмо што го објави весникот „Та Неа“, во кое го повикува грчкиот парламент да не го ратификува договорот за името меѓу Атина и Скопје.
Композиторот на филмот „Гркот Зорба“ и позната фигура од протестите против диктатурата на хунтата во Грција во 70-сеттите години на минатиот век, ги повика 300-те пратеници во парламентот да не поддржуваат „криминал против Грција“, бидејќи смета оти штетите од договорот се несогледливи за земјата.
Теодоракис во писмото додава дека грчкиот народ не ѝ дал право на ниту една влада да го решава тој спор според сопствените сфаќања и посочи дека единствено долгорочно решение е да се организира референдум за да можат луѓето да решат за клучното прашање.