Фото: Пиксабеј

Растенијата носат среќа. Ако сакате и одгледувате цвеќињата, сигурно сте фокусирани на тоа да им обезбедите оптимално количество вода или да најдете некој што ќе се грижи за нив додека сте на одмор. Има една состојка што помага во нивниот раст и развој. Станува збор за кафеавиот шеќер, кој во растворите може да ја поттикне активноста на микроорганизмите во почвата и да им помогне да ги ослободат сите хранливи материи, за растенијата да живеат подолго и да бидат поздрави. Придобивките од кафеавиот шеќер, кој може да послужи како природно ѓубриво, за растенијата се многубројни. Само едно ќесе кафеав шеќер може да ги нахрани сите ваши растенија.
Едноставното мешање на кафеав шеќер со вода ќе ги направи лисјата на вашите растенија бујни и зелени. Ако измешате кафеав шеќер со квасец и вода, тоа ѓубриво ќе стане моќно средство. Ако измешате кафеав шеќер со пиво, ќе добиете азотно ѓубриво што може да спречи пожолтување на листовите на растенијата. Ако измешате кафеав шеќер со лук и вода, ќе добиете фосфатно ѓубриво што ќе ги поттикне растенијата да цветаат. Со мешање кафеав шеќер со бел оцет и вода, ќе создадете железен сулфат и ќе можете да ја приспособите пХ-вредноста на почвата.
Кога ќе забележите дека растението венее и почнува да умира, можете да додадете шеќер за да ги зголемите нивоата на сахароза и гликоза. Сахарозата ќе биде во контакт со микроорганизмите во почвата, а тоа ќе му овозможи на азотот да му ја обезбеди на растението потребната енергија, што ќе му помогне да остане живо.