WR 134 – една од трите во соѕвездието Лебед

Оваа ѕвезда првпат е забележена во 1867 година и се одликува со невообичаен спектар. Таа е една од првите ѕвезди од класата познати како Волф-Рајови ѕвезди, именувани според Чарлс Волф и Жорж Раје. WR 134 се наоѓа на далечина од околу 6.000 светлосни години од Земјата, во соѕвездието Лебед. Има пет пати поголем полупречник од нашето Сонце, но поради температурата од над 63.000 К е за 400.000 пати посветла од Сонцето. WR 134 исто така се класифицира како затемнувачка променлива ѕвезда од типот на Алгол. Научниците утврдија дека од WR 134 се испуштаат меки и тврди рендгенски зраци, но изворите не може целосно да бидат објаснети, а ова испуштање не се совпаѓа со температурата на ниедна ѕвезда.