За време на празниците обично јадеме многу повеќе, а понекогаш може да претераме. Сепак, важно е и да знаете како да го одморите телото од толку големо количество храна. Две домашни јадења можат да му помогнат на телото да се обнови по обилната празнична храна. Наутро треба да јадете супа што содржи течности, сол и антиоксиданти.
Пилешката супа е многу подобра за закрепнување од онаа направена со говедско месо. Но не се користи секое месо за да се направи оваа супа, подобра е кога се користат батаци, а не бело месо. Зошто? Овие делови се богати со протеини, аминокиселини, со малку влакна и многу малку маснотии. Добро е да се додаде и рен, кој е антиоксидант, ензим што прочистува. Големото внесување храна претставува антиоксидативен шок, стрес, а ренот е тука да го спречи тој шок. Во супата можете да додадете и компир, целер, пашканат… Многу луѓе го фрлаат кромидот откако ќе се свари во супа, но не треба да го правите тоа. Постои хемиско соединение во кромидот наречено инулин, кој е важен пробиотик.