Група на ирачки уметници претвориле една од најстарите населби во Багдад во уметничка галерија на отворено.


Идејата за разубавување на уличките во Багдаг наиде на одобрување кај локалното население, и сега привлекува многу љубопитни туристи.


– Најпрво почнавме со цртање на школските ѕидови, но кога се појави коронавирусот почнавме да ги цртаме и разувабуваме тесните улични во квартот и ја чекавме реакцијата на луѓето. Бевме изненадени колку луѓето беа радосни. Старите и испукани ѕидови ги оживеавме со нашите слики – вели еден од сликарите.