Фото: Пиксабеј

Плаќањето на сметките за струја е важна ставка во месечниот буџет на секој потрошувач. За да потрошите што помалку пари за оваа намена претставуваме неколку многу корисни совети.

Телевизори и компјутери
Изберете ЛЦД-телевизор наместо плазма-телевизор. Со плазма-екраните, секој пиксел претставува посебен извор на светлина што се осветлува по потреба. ЛЦД е поефикасен затоа што ја блокира целата непотребна светлина во заднината и неговиот животен век е подолг.
Купете лаптоп, со оглед на тоа што најмногу се напојува од батерија и троши помалку енергија од класичен компјутер. За да се открие друга заблуда, користењето скрин сејвер не заштедува енергија. Имено, компјутерите користат приближно исто количество струја кога се вклучени, како кога работат неколку секунди. Затоа е препорачливо да го исклучите мониторот ако не планирате да го користите компјутерот во следните 20 минути, а целиот компјутер ако нема да работите на него во следните два часа.
Внимателно чистете ги екраните. Не трошете пари на скапи препарати, доволна ви е дестилирана вода. Истурете во мало шише со распрскувач, но не прскајте директно на екранот, туку на мека, сува, памучна крпа. Притиснете ја крпата само онолку колку што треба да го допре екранот.

Кујнски апарати
Кога станува збор за потрошувачката на електрична енергија, можете да направите значителни заштеди токму во кујната. Додека готвите, користете го следниов трик: големината на садот треба точно да ја покрива ринглата или пламенот на горилникот на гас. Со шпорет на гас, пламенот треба да ја загрева само долната површина на тавата. Кога врвовите на огнот ќе поминат преку страните на тавата, се трошат енергија и пари. Кога готвите, задолжително покријте ги тенџерињата и тавите. Гответе оброци два дена, бидејќи поретко ќе го вклучувате шпоретот.
Редовно одмрзнувајте го фрижидерот. Одмрзнете го фрижидерот веднаш штом ќе видите таложење мраз, бидејќи тој внатре дејствува како изолатор, така што компресорот мора да работи подолго и троши повеќе електрична енергија.
Машина за перење алишта
Вклучете ја машината само кога имате доволно алишта за да ја наполните. Слободно перете на пониски температури (40, 60 степени), бидејќи денешните прашоци се многу поефикасни отколку во минатото. Пуштете ги алиштата на вриење само во случаи кога се многу извалкани. Перењето на умерени температури не само што ќе заштеди енергија и пари туку и облеката ќе трае подолго, без да избледат боите.

Исклучете ги светилките
Секогаш исклучувајте го светлото кога излегувате од собата. Ако некои светилки во вашето домаќинство работат повеќе од четири часа на ден, препорачливо е да ги замените со неонски светилки. Својата функција ќе ја извршуваат еднакво со една третина од потрошувачката во однос на обичните. Дополнителна придобивка е што ќе траат неколкупати подолго.

Исклучете ги сите електрични уреди
Кога ќе излезете од дома повеќе од еден ден, целосно исклучете ги телевизорот, компјутерот, музичкиот уред… Доколку ги оставите на стендбај-аранжман, тие сепак ќе трошат струја и ќе ја загреваат околината.