Враќањето на новото вселенско летало „Старлајнер“ на „Боинг“ на Земјата од Меѓународната вселенска станица (МВС) е одложено, соопшти НАСА.
НАСА не прецизираше нов датум, што покрена прашања за тоа кога ќе се врати мисијата со двајца астронаути поради дополнителните тестирања и технички проблеми кои предизвикаа повеќекратни одложувања.
Враќањето на Земјата претходно беше планирано за 26 јуни.