Монетата од две евра понекогаш може да вреди многу повеќе, ако се суди според колекционерите што би платиле цело богатство за да ја поседуваат. Затоа е важно внимателно да ја испитате секоја таква паричка пронајдена во вашиот паричник.
Имено, важно е што се работи за монета што е издадена во многу малку парчиња, односно посебна колекција, а една таква монета доаѓа од Германија, каде што вреди и до 1.000 пати повеќе. Во овој случај, тоа е монета со мотив на катедралата во Келн, која беше издадена 30 милиони пати во Германија, а една грешка на неа всушност предизвика драматично зголемување на нејзината вредност.
Издадена е во 2011 година, а во оптек влегоа и неправилно ковани монети. На неа има златна катедрала, а под неа со мали букви пишува Северна Рајна-Вестфалија, додека златниот мотив е опкружен со дванаесет ѕвезди и годината 2011. Но има неправилни релјефи каде што мотивот во средината не е кружен или видливи се гребаници, поради што се сметаат за „погрешни“. Токму поради тоа што не е јасно колку монети се во оптек, на И-беј се продаваат за дури 2.500 евра, пренесува порталот „Бизлајф“.
За многу помала сума, но сепак висока се продаваат и монети од Ватикан од 2005 година. На монетата од две евра за Светскиот ден на младите во Келн е прикажана германската зграда на монетата од Ватикан. И без печатна грешка се продаваат за повеќе од 200 евра бидејќи ги има само 85.000.