По повод Денот на трудот – 1 Мај
Работниците на Чикаго се заслужни тоа што во голем дел од светот се одбележува Први мај како меѓународен празник на трудот, посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права, а всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго. Тогаш повеќе десетици илјади работници на Чикаго излегоа на улиците, со единствена цел да издејствуваат воведување осумчасовен ден.
На првиот конгрес на Втората интернационала, одржан во 1889 година, било одлучено Први мај да биде заеднички празник во сите земји, на кој работниците треба да манифестираат единство и солидарност во своите барања за подобрување на својата положба. Оттогаш празникот е манифестација на класната солидарност на работниците во светот.
Први мај во Македонија е државен празник, како и во повеќе земји во светот. До 2006 година се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено, кај нас овој ден се користи за излети во природа. Речиси секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто прекрасни зелени ливади покрај вода, каде што населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот. И во другите европски држави овој ден се прославува во природа, покрај логорски оган, а во некои земји во Северна и Централна Европа во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургиска ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови. За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права.
Иако повеќето луѓе ќе го одбележат слободниот ден со прослава, не заборавајте да го почитувате вистинското значење на овој празник со овие инспиративни цитати за Денот на трудот што ќе нѐ потсетат на богатата историја што стои зад овој датум. Во продолжение се зборовите на светски претседатели, лидери, телевизиски личности, писатели и поети, во кои секој може да препознае нешто со што ќе може да се идентификува.
Абрахам Линколн
Не грижи се кога не те признаваат, настојувај да бидеш достоен за признание.
Еленор Рузвелт
Цврсто верувам во способноста и моќта на жените да ги постигнат работите што сакаат да ги постигнат.
Хенри Форд
Постои радост во работата. Не постои среќа освен во сознанието дека нешто сме постигнале.
Аристотел
Задоволството во работата му дава совршенство на делото.
Семјуел Голдвин
Ниеден човек што е ентузијастичен за својата работа нема од што да се плаши во животот.
Жозеф Жубер
Генијот ги започнува големите дела. Трудот ги завршува.
Ширли Чисхолм
Ако не ви понудат место на масата, понесете си столче на расклопување.
Мококома Мохоноана
Има повеќе во животот отколку да се заработува за живот. Не работи повеќе одошто живееш.
Перл С. Бак
Да пронајдеш радост во работата е како да ја пронајдеш фонтаната на младоста.
Емил Зола
Уметникот не е ништо без талент, но талентот е ништо без работа.
Вејн Грецки
Највисокиот комплимент што можете да ми го упатите е да кажете дека напорно работам секој ден, дека никогаш не бегам.
Стивен Кинг
Аматерите седат и чекаат инспирација. Ние другите само стануваме од кревет и одиме на работа.
Томас Едисон
Повеќето луѓе ја пропуштаат можноста затоа што е облечена во комбинезон и изгледа како работа.
Винс Ломбарди
Единственото место каде што успехот доаѓа пред работата е во речникот.
Марк Твен
Громот е добар, громот е импресивен; но молњата е таа што ја завршува работата.
Оноре де Балзак
Целата среќа зависи од храброста и од работата.
Томас Едисон
Генијалноста е 1 процент инспирација и 99 проценти пот.
Букер Т. Вашингтон
Ништо што вреди да се има не ти доаѓа само, ако не е резултат на напорна работа.
Софокле
Без труд ништо не напредува.
Роберт Барнс
Осмели се да бидеш чесен и не плаши се од работа.
Маја Ангелоу
Ништо нема да успее ако не го сработиш.
Маргарет Мид
Ја научив вредноста на напорната работа работејќи напорно.
Елберт Хабард
Човекот не е платен затоа што има глава и раце, туку затоа што ги користи.
Мајка Тереза
Чудото не е во тоа што ја работиме оваа работа, туку во тоа што сме среќни што ја работиме.
Мартин Лутер Кинг Јуниор
Целиот труд што го воздигнува човештвото има достоинство.
Андре Жид
Ниедно човечко ремек-дело не е создадено без голем труд.
Лук де Клапиерс
Овошјето добиено со труд е најслаткото од сите задоволства.
Овидиј
Одмори се. Полето што одмара дава обилен род.
Есте Лаудер
Не стигнав дотаму посакувајќи го или надевајќи се на тоа, туку работејќи за тоа.
Џон Лок
Целото богатство е производ на трудот.
Опра Винфри
Големата тајна во животот е дека не постои голема тајна. Без оглед на вашата цел, можете да стигнете таму ако сте подготвени да работите.
Ралф Ренсом
Пред наградата мора да има работа. Садиш пред жетвата. Сееш солзи пред да жнееш радост.
Махатма Ганди
Најдобар начин да се пронајдеш себеси е да се изгубиш во службата на другите.
Теодор Рузвелт
Само преку труд и напор, енергија и храброст, продолжуваме да одиме кон подобри работи.
Донован Бејли
Следи ја твојата страст, биди подготвен да работиш напорно и да се жртвуваш и, пред сè, не дозволувај никој да ги ограничи твоите соништа.