Половина век од премиерата на „Љубовна приказна“

Имињата на глумците Али Мекгро и Рајан О’Нил станаа бесмртни, бидејќи добија своја ѕвезда на Холивудската патека на славните, објави „Пипл“.
Тие заедно играа во филмот „Љубовна приказна“, снимен во 1970 година по сценариото на Артур Милер, што Американскиот филмски институт го окарактеризира како едно од најромантичните филмски остварувања на сите времиња.
Ѕвездите се поставени една до друга, а името на Рајан О’Нил е сместено покрај името на неговата покојна сопруга, глумицата Фара Фосет, која сега би имала 74 години. Тие биле во врска од 1979 до 1997 г., по што раскинале, па се смириле во 2001, останувајќи заедно до нејзината смрт во 2009 година.
Инаку веднаш по премиерата, „Љубовна приказна“ стана голем хит и е еден од финансиски најуспешните филмови на сите времиња. Наспроти вложениот буџет од 2,2 милиони долари, беше остварена заработка од неверојатни 126,4 милиони долари. Али Мекро и Рајан, кој беше номиниран и за „оскар“, станаа големи светски ѕвезди, а филмот, кој беше номиниран во седум категории, доби златна статуетка за најдобра оригинална филмска музика.