Многу е важно да ја научите разликата помеѓу топлотен удар и истоштеност од топлина, а разликата помеѓу овие две состојби и познавањето на симптомите може да ви помогнат да се заштитите. Кога некое лице страда од топлотен удар, температурата на телото може да се искачи на 40 степени Целзиусови или повеќе. Симптомите вклучуваат конфузија, нејасен говор, обилно потење или жешка, сува кожа, губење на свеста, напади и висока телесна температура, пишува „Хелтлајн“. Овие симптоми се сметаат за многу сериозни и ако некое лице ги забележи, треба веднаш да побара медицинска помош. Што се однесува до исцрпеноста што се јавува за време на топлина, таа е предизвикана од дехидрираност, носење тешка и тесна облека и консумирање алкохол. Треба да се напомене дека одредени фактори можат да предизвикаат исцрпеност и топлотен удар, односно да влијаат на зголемената чувствителност на топлина.
Возраст – Децата под четири години и возрасните над 65 години имаат зголемен ризик, бидејќи нивната способност да ја регулираат температурата е намалена.
Лекови на рецепт – Некои лекови на рецепт можат да ја намалат способноста на телото да се хидрира подолго време, а дехидрираноста може да доведе до топлотен удар.
Дебелина – Телото задржува повеќе топлина ако некое лице има прекумерна тежина, а може да биде потешко да се разладите ако имате прекумерна тежина.
Ненадејни промени во температурата – Кога често се движите од ладна на топла локација, вашето тело можеби нема да може да се приспособи на овие промени, па затоа може да ви биде потешко да ја регулирате температурата на вашето тело.