Дали сте уморни од фактот дека сте постојано уморни? Биоритамот на сите не е ист, ниту метаболизмот, па затоа одредени техники и методи за зачувување на целокупното здравје и виталност не важат за секого. Постои универзален и научно докажан режим што гарантира здрав живот и подразбира добар сон, физичка активност и урамнотежена исхрана богата со хранлива храна.
Добриот сон обезбедува подобра продуктивност, концентрација, а експертите тврдат дека на возрасен човек му требаат до осум часа сон за да може да работи на секојдневни активности. Познатиот италијански уметник, архитект и пронаоѓач Леонардо да Винчи имал не само необични техники за креативност туку и за зачувување на општото здравје. Имено, овој великан спиел само час и половина на ден. Славниот Леонардо се придржувал до планот да ја зголеми својата продуктивност со спиење на секои четири часа по 15 минути, користејќи го времето за креативност и помалку за спиење. Според него, тој никогаш не се чувствувал уморен на овој начин. Едноставно, 15 минути му биле доволно за да го освежи своето тело и да ги „наполни батериите“.
Оваа шема на спиење го зголемувала неговиот капацитет за креативност. Следејќи го примерот на Да Винчи, развиени се нови техники на спиење за подобрување на менталното и физичкото здравје и капацитет.