Го нарекуваат град на духови исполнет со дури 530 минијатурни и делумно изградени замоци што зјаат празни. На северозападот на Турција, во близината на градот Мудурну, лежи невообичаено место наречено Бурџ ал Бабас.
Станува збор за град на духови исполнет со дури 530 минијатурни и делумно изградени замоци што се празни.
Првичната идеја била да се изградат повеќе од 700 мини-замоци, од кои секој бил продаден однапред по цена од 400.000 до 500.000 долари. Покрај мини-замоци, во населбата предвидено било да има продавници, кино и други објекти за забава и одмор.
Но економската криза предизвикана од падот на цените на нафтата во Турција, ги попречи нивните планови. Изградбата на ова луксузно одморалиште, во кое беа вложени околу 200 милиони долари во 2019 година, беше прекината поради намалениот интерес на потенцијалните купувачи, а на крајот и поради банкрот на инвеститорите. Наместо ексклузивно место за богатите, Бурџ ал Бабас се претвори во туристичка атракција. Патниците што поминуваат покрај оваа населба задолжително паркираат покрај ова необично место и се фотографираат.