Низ светот постојат многу бизарни и чудни обичаи за кои многу малку знаеме. Издвоивме пет што навистина нè воодушевија. Не знаеме кој да го избереме како најчуден, затоа одлучете сами дали е потешко да танцувате со мртвите или да не одите во тоалет три дена по свадбата.

Во Бразил и во Венецуела ги јадат своите најблиски што починале

Припадниците на бразилското и венецуелско племе Јаномама се познати по тоа дека по смртта на некој член од семејството тие „уживаат“ во гозба. Но она од што се хранат, односно она што го внесуваат во нивните тела, е навистина одвратно. Традицијата им забранува да ги погребуваат мртвите како што тоа нам ни е познато, затоа тие ги палат. По смртта, членовите на семејството ги делат остатоците од пепелта и ги јадат. Причината поради која го прават ова е навистина посебна – за никогаш да не ги заборават мртвите.

Камшикување во исламските земји и во Индија

Иако ние сме противници на самоповредувањето, денес има верници што сè уште практикуваат обичаи од античко време. Еден од таквите обичаи е почесното камшикување за време на оплакувањето на Мухарам, внукот на Мухамед, која починал со 72 војници во битката кај Карбала. Обожавателите од Индија и во исламските земји му оддаваат почит еднаш годишно. Процесијата не е воопшто пријатна за гледање, бидејќи мажите се камшикуваат со синџири по грбот за да му оддадат почит на Мухарам.

На Мадагаскар се танцува со мртвите

Иако ова во денешно време се случува сѐ помалку и поретко, племето Малагаши на Мадагаскар ја има една од најморбидните традиции. На секои седум години, ги вадат своите најблиски од гробовите, завиткувајќи ги во свежа ткаенина во бела боја. Сево ова не би било толку чудно ако тие не ги креваат телата во воздух и не танцуваат околу гробовите со музика.

Преобразбата од момче до возрасен маж во Бразил

Познато е дека племињата за кои денес малку знаеме, сè уште ги негуваат традициите на нивните предци. Едно од нив е племето Сатара Маве во Бразил. За едно момче, член на племето, да биде прифатено како возрасен маж, мора да помине низ ритуалот на иницијација. Ритуалот е болен, а се состои од пикање на рацете во кошница полна со мравки, чии убоди се многу болни. Тие мравки се познати како куршум-мравки и се меѓу петте животни чии убоди се најболни.

На членовите на индонезиско племе им е забрането да ги користат тоалетите три дена по свадбата

Замислете си ја следната ситуација, половина година однапред се подготвувате за свадба и внимавате што јадете, за да влезете во костумот или венчаницата што сте ја одбрале за вашиот посебен ден. Доаѓа денот на свадбата и едноставно не можете да дочекате да уживате во храната. Сега замислете си дека три дена по свадбата, не смеете да одите во тоалет. Звучи смешно, но тоа е традиција што ја негуваат припадниците на индонезиското племе Тидонг. Имено, откако младенците ќе се венчаат, забрането им е да одат во тоалет три дена, а се верува дека причината за тоа е дека со таквиот чин се повикува на среќен брак.