Премиерата на филмот е најавена за 4 октомври 2019 година

Актерската екипа за филмот „Џокер“ е побогата за уште едно големо име. Таткото на Бетмен ќе го игра Алек Болдвин. Продуцентите на новиот филм за супернегативецот Џокер, најголемиот непријател на Бетмен, имаат намера да соберат импресивен тим актери.
Главната улогата му е доделена на оскаровецот Жоакин Феникс. Засега, исто така е познато дека Роберт де Ниро се согласи да игра како ТВ-водител во филмот, кој има важна улога во животот на Џокер.

Најновиот член на семејството, кој следната година ќе ја намами публиката во кино, е Алек Болдвин. Шеесетгодишниот актер ќе го оживее ликот на Томас Вејн, таткото на Бетмен. Се зборува дека филмот ќе го однесе неговиот карактер во сосема нова насока.
Како што пренесуваат медиумите, Вејн е непријатен и незгоден бизнисмен, како да е создаден по калапот на Доналд Трамп од 1980-тите.
Така, Болдвин се придружува во тимот во кој Феникс го игра легендарниот негативец Џокер, Зази Бец, како самохрана мајка, која има блиски односи со Џокер и Роберт де Ниро.

Премиерата на филмот е најавена за 4 октомври 2019 година. За режијата е задолжен Тод Филипс, кој исто така се потпишува на филмот „Мамурлак“.
Феникс минатата недела директно им се обрати на критичарите што се прашуваа дали е соодветен за улогата на Џокер.
Имено, изборот на главниот актер веднаш го привлече вниманието на критичарите, кои веднаш се прашуваа како неговата улога ќе функционира, бидејќи се верува дека се подготвува самостоен филм за Џокер со Џаред Лето.
– Сега не размислувам за тоа што зборуваат другите – изјави Феникс.