Принцезата Меган треба да се породи најдоцна до понеделник, детето ќе биде женско и ќе го носи името Дијана, гласат предвидувањата на обложувачите кои со нетрпение го исчекуваат доаѓањето на свет на најновиот член на британската кралска фамилија, пренесува „Ројтерс“.
Британскиот кралски пар го очекува раѓањето на нивното прво дете пред самата годишнина од нивниот брак која е на 19 мај.
Многумина од обложувачите кои се обложија дека новиот член на кралското семејство ќе биде роден во мај ќе добијат одредена сума од облозите. Принцот Хари и принцезата Меган открија дека го очекуваат раѓањето на нивното прво дете оваа пролет, но и дека не го знаат полот на детето.
Покрај името Дијана, популарно име помеѓу обложувачите исто така е Алегра. Други две популарни имиња се Викторија и Елизабет, во чест на кралицата Викторија и Елизабет, името на бабата на Хари. Доколку детето е машко, меѓу најпопуларните имиња е Чарлс, името на таткото на принцот Хари.