Во овој миг, идејата за приватност во дигиталниот свет изгледа како фарса. Како што секојдневно учиме за нашите уреди, така забележуваме дека сѐ повеќе и повеќе нѐ следат на разни начини, вклучувајќи и некои на кои никогаш не сме ни помислиле.
За жал, нашите ајфони не се исклучок. Дури и без помош на апликации како Фејсбук, тие завршуваат добра работа следејќи нѐ сѐ повеќе. Оваа информација не е нешто поради што треба да се ослободите од мобилниот телефон, но секако е нешто што морате да го знаете.
Постои начин како да ѝ пристапите на тајната картичка што ве следи каде и да одите и кои чекори да ги направите за да го оневозможите тоа.
Сепак, за врвните стручњаци не постојат тајни што можат да се скријат од вашиот ајфон.
Дали некогаш сте се запрашале како телефонот автоматски ги повлекува упатствата кога ќе стигнете на работа или кога ќе влезете во автомобил, или кога ќе се вратите дома кога ќе завршите со работа? Тоа не е само дел од локациските услуги, туку од одделни апликации што се нарекуваат „значајни локации“ (Significant Locations).
Прочитајте како да постапите за да ја исклучите оваа опција: 1. отворете ги поставките; 2.напишете „приватност“; 3. изберете „локациски услуги“; 4. изберете „системски услуги“ и 5. кликнете на „значајни локации“ (Significant Locations). Откако ќе ја внесете лозинката или ќе го отворите вашиот телефон во Фејсел ИД, ќе ја видите листата на локациите што сте ги посетиле. Некои ќе ви изгледаат чудно, но тоа е затоа што тие не се секогаш прецизни. Кога ќе кликнете на местото, ќе се отвори страница со повеќе детали, вклучувајќи и мапа што покажува каде сѐ сте биле. Тоа можете да го исклучите.
Можете да ја уредите секоја локација веќе да не биде зачувана во вашиот мобилен телефон. За да го направите тоа, кликнете на градот во кој сте биле и потоа на копчето „едит“ во горниот десен агол. Тоа ќе креира црвен круг на локацијата на која можете да кликнете и да ја отстраните. А ако сакате целосно да ги исклучите „значајните локации“, едноставно морате да дојдете до врвот на страницата со пописот на локациите и да кликнете на зеленото копче во десниот врв, пишува порталот „Командо“.