Холандската влада ќе дозволи 3.500 фанови да присуствуваат на изборот на песна на „Евровизија“.
Годишната музичка екстраваганца ќе се одржи во ротердамската Ахој арена во мај, откако беше откажана минатата година.
Според планот, местото ќе било полуполно и на фановите ќе им треба негативен тест за ковид-19, пред да им биде дозволен влез.
Организаторите на Евровизија ја поздравија одлуката на холандската влада и рекоа дека „ќе ги разгледаат опциите што се сега достапни“.
– Ќе објавиме повеќе детали во следните недели за тоа како можеме безбедно да ја примиме публиката во Ахој во Ротердам, доколку ситуацијата дозволи“ – изјавија организаторите.