Со промоција на книгите на Горан Анчески, Георги Георгиевски и Вера Самарјанин, како и со настап на хорот „Серенада“, денеска се одржа завршниот настан од изложбата на уметникот  Живко Поповски – Цветин, насловена „Мироносно цвеќе за пријателство“.

Изложбата се одржа пред спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“ во Скопје.

Изложбата „Мироносно цвеќе за пријателство“ траеше 50 дена, од 29 ноември, каде авторот Цветин имаше изложено стометарска слика.

Фото: приватна архива