Промоцијата на сликовницата „Највисокиот врв“ од Илина Арсова, со илустрации на Иванка Ниба, се одржa вчера, во „Лабораториум кафе“.
Промотори беа Весна Мојсова-Чепишевска и Виолета Танчева-Златева.
– Книгата е пишувана со желба да покаже, но и да докаже, како некогашниот детски сон може да стане стварност. „Највисокиот врв“ е исповед за личната самодоверба на која треба да се работи со денешните деца. Па, така, убавата вистинита приказна на познатата планинарка и освојувачка на највисоките светски планински врвови може да стане животна приказна на секое дете – пишува Мојсова-Чепишевска во рецензијата за оваа сликовница.
Психологот и семејна системска советничка Тина Чачоровска преку оваа сликовница потсетува дека Илина со својата сликовница „Највисокиот врв“ ја буди љубовта кон природата, ги учи децата дека секое си има своја ѕвезда, секое од нив има свој сон и дека сосема е природно тој да се разликува од сонот на другите деца.