Фото: Венсен Бриен

Роден во Елбеуф, во 1949 година, Луис ПОРКЕ е автор на изобилство на трудови. Поет, новинар, есеист, либретист, преведувач, раскажувач, текстописец, предавач, соработувал со големи уметници на француската песна како Грем Олрајт, Хјуг Офри, Нана Мускури, Максим Ле Форестие, Моника Пасо, Жерар Пјерон или Никол. Тој е исто така автор на неколку лирски дела кои композиторот и диригент Тиери Пеликан ги компонираше и диригираше: Oratorio de Noël „Et de Toi, Bethléem“, Oratorio 14, a Fresque de la Grande guerre, Rhapsodie du Havre, Poetic Suite.
„Светла сенка“, Elegiac Suite Chants de la Présence, за гудачки квартет, пијано, кларинет и сопран итн. Тој, исто така, има придонесено за бројни уметнички дела, во Франција и во странство.
Неговата работа како поет и раскажувач, која опфаќа голем број објавени дела, е наградена од Француската академија, Синдикатот на новинари и писатели, Фондацијата на Франција, Академијата на Лутече, Градот Мерињак и Академија на науките, Belles-Lettres и Arts of Rouen (двапати), итн. Порке беше објавен од Editions Autre, Éditions de l'Aiguille и Christian Chomant Editeur. Тој го напиша либретото на Реквием за Тиери Пеликан (книга во подготовка).
Заборавениот извор, неговата последна книга раскази, е објавена во издание на Revêtantl’Aiguille.
Во Авр (2020), Луис Порке, речиси дваесет години, соработува секоја недела во делот Уметнички вести во Лес Афиш де Нормандија.
Неодамна, издавачот Кристоф Чомант во Руан го објави Un kilo de lotte, портфолио илустрирано од Жилбер Доге и наменето за младата публика.
Преземајќи различни форми, пишувањето на Луис ПОРКЕ се движи од поезија до песни, вклучувајќи раскази, театар, литературни есеи и преводи. Услужен од престижни толкувачи (Грем Олрајт, Максим Ле Форестие, Никол Кроасил, Хјуг Ауреј, Нана Мускури, Жерар Пјеррон, Моника Пасо…), тој исто така беше заинтересиран за лирската уметност, соработувајќи повеќе од триесет години со композиторот Тиери Плиц, директор на филхармонискиот оркестар Оаз и оркестарот Андре Месажер. Како новинар, учествувал во бројни изложбени каталози и напишал илјадници статии (L’ Affiche, Marie-Claire, Normandie Magazine, Maisons Normandes, Les Affiches de Normandie, Artension итн.). Тој е потпретседател на Пријателите на замокот де Ваској и Мишеле.

СОЛЗИТЕ НА ХЕРАКЛИТ

Се раскажува веќе долги векови дека Филозофот Хераклит секогаш плачел кога ќе сретнел некој човек или кога ќе се разделувал со некого независно дали го познава или не.
Самото присуство на човечко суштество што е слично на него ја будело во него свеста дека секој миг во нашиот живот е единствен и неповторлив и дека во светот единственото што е неменливо е неговата непостојаност! Не бидувајќи никогаш сигурен дали уште еднаш во животот ќе го види човекот со кого зборува Филозофот ја изразуваше својата најдлабока емоција како тоа да е последен пат!
Бидејќи тој си велеше тивко во себе, сите ние се менуваме во секој миг од нашиот живот како глината во рацете на скулпторот. Времето, врховниот господар на Илузијата не престанува да не обликува, да не трансформира, тотално бесчувстително на носталгијата која во одредени денови не тера да мислиме дека може да го запре својот тек или барем да ја смали брзината со која неповратно тече! Но сепак е добро да знаеме дека животот расцветува без прекини дека во тоа незапирливо и неповратно течение „не можеме да се искапиме два пати во иста река!”
Тоа се однесува и на љубовта како врвна слобода, која никогаш не може да ја поднесе идејата дека сме и заложници! Љубовта е безграничен елан што во секој миг повторно се раѓа. Тоа е единствениот начин да преживее во нас. Ја гледам како водопад каде што душата како и телото доаѓаат да се освежат и да се напијат од непресушните извори на надежта!

Солзите на Хераклит беа солзи на возвишена луцидност. Тој всушност разбрал дека постоењето е вечно збогување .

Мото

Ѕвездите си зборуваат меѓу себе душата на Сонцето се римува со воздишките
на цвекињата небесните и земните хармонии се преплетуваат заедно со
живите битија во природата
Аполониј од Тијан

Најблиско ми е местото од кај што заминувам бидејќи повторно ќе се вратам

Парменид

Прва песна

Сите овие зборови што ветрот слепо ги разнесува во бескрајот
Каде можат повторно корен да фатат
Зборот е исто многу ранлив
како сламките што се веат низ полињата
и за миг застануваат некаде
кај што ги снемува
за никој да не може да ги види
Единствено Небото ќе го сочува ехото на нивниот
никому непознат лет

Со што ќе заминиме и што ќе однесеме од овој свет
На тој век таму
Ние ништо не поседуваме освен нашиот сон
дека воопшто сме живееле

Втора песна

Сонцето не грее
апсолутно бесплатно и бесценето
И Мудрецот е ист како него
Колку што повеќе дава
Толку повеќе
ни го рассветлува патот низ животната темнина

Еден невидлив ангел
бдее над нас
Неговото божествено трпение и мир
ја надминува сега и секогаш
нашата имагинација

Трета песна

Не биди отсутен од твоите мислени думи
Тогаш кога треба да земеш Збор

Ако не ги собериш во тебе сите неповратни радости
Кој ќе знае освен тебе да ги именува?

Кога од едно разорено срце
Може да се роди Бесмртна песна
Нема од што да стравуваме
овде во долината на плачот?

Ако ветрот ги вее ли вее зборовите
Тој сака да ги слушне како ја пеат Вечната животна песна

Четврта песна
БЛАГОДАРНОСТ

Од овие високи треви во полињата на земниот живот
Заминувајќи кон Вечноста на небесата
Што ќе зачуваш само за себе си?

Ветрот над твојата глава
Што ти ја вее косата
Го знае Царството Божје

Само оној што го видел како танцува
Ќе влезе од овој живот
директно во Вечноста

Ти испраќам безвременски поздрав
Тебе што во молкот на планините
го чекаш мигот кога од твоето грло
ќе одекне Вечната песна

Препев на песните од француски на македонски јазик Јордан Плевнеш