Вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци започнува четвртото издание на меѓународниот фестивал „Фолклорни средби во организација на домот на културата „Иван Мазов Климе“. Во годината кога домот на културата одбележува 70 години постоење и 70 години фолклорна дејност чиј носител е фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ фестивалот има посебно значење за сите вљубениците во фолклорот кои во изминативе децении се вградиле во одржувањето на традицијата и презентирањето на македонскиот фолклор и надвор од границите на Македонија. И оваа година фестивалот е подржан од локалната самоуправа на општина Кавадарци од Министерството за култура а се одржува во рамките на манифестацијата „Кавадаречко културно лето 2023“.
За љубителите на фолклорот и за редовната и бројна публика на сите концерти на фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ вистинско ужвање ќе биде да се проследат сите три вечери на фестивалот во кои за прв пат ќе настапи фолклорниот ансамбл „Стара Љубовњан“ од истоимениот град од североистокот на Словачка кои за прв пат доаѓаат во Кавадарци и преку своите кореографии, музика и носии и инструменти ќе ја покажат својата традиција и култура, потоа градскиот фолклорен ансамбл „Бејармуду“ од северен Кипар кои со голема љубов и посветеност ја чуваат традицијата која е неодвоив дел од нивната национална култура и за првпат во ќе ја претсават пред кавадаречката публика.
На фестивалот прв пат доаѓа и „КУД „Шумадија“ од Горни Милановац, Србија со прекрасни кореографии, кои со голема љубов се грижат за зачувување на својата традицијс и култура и воедно ги едуцираат младите за српските ора, песни и музика. КУД „Живница“ од Живница Босна и Херцеговина во Кавадарци
доаѓаат по трет пат но пријателството меѓу ансамблите трае со години.
Од македонските ансамбли најавени се женската фолклорна група „Радовишанки Етно“ од Радовиш, фолклорниот ансамбл „Мегдан “ од Богданцин , КУД „Јане сандански“ од Неготино и се разбира со особена возбуда се очекува настапот на домаќинот на фестивалот фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ со нова кореографија која ќе биде премиерно изведена пред кавадаречката публика.
Сите три вечери концертите започнуваат во 20 часот на што ќе им претходи дефиле со
учениците на фестивалот по централните градски улици во Кавадарци. Ми.М.