Триесетина дела од најновиот циклус од богатиот и раскошен опус на ликовниот уметник Горан Боев од Кавадарци синоќа беа изложени во Културно инфрмативниот центар во Скопје.
Изложбата која предизвика голем интерес кај љубителите на уметноста беше отворена под покровителство на Министерството за култура, а во организација на Музеј-галеријата од Кавадарци.
Што е тоа сликарство? Ова прашање кое Горан Боев го носи како мотивација во своето творештво, го води на патување низ себе, низ неговите траги и сеќавања во потрага по суштинската емоција и длабочина на личната илустрација на животот. Како Лубарда по средбата со сликите на Сезан во Париз, така и Боев се соочува со истото прашање за постоењето на сликарството и неговото значење, барајќи го неговиот пат одреден од интензивните бои и облици кои не само што го дефинираат неговото творештво туку и ја разоткриваат неговата внатрешна светлина. Преиспитувањето на сопствениот сликарски ракопис е суштински дел од неговиот процес на раст и еволуција како уметник.
– Поедноставувајќи ја формата до степен на она што е  суштински важно,  се обидувам да ги отелотворам сопствените чуства и емоции толку искрено колку што ми дозволува цртежот и бојата. Немам потреба да глумам пред самиот себе ниту да кокетирам со публиката. На платното го пренесувам то што  го носам како спомен и бреме-траги од детството, траги од сопствените падови и кревање па дури и од сопствените илузии. Дали се работи за обичен портрет или цела приказна се обидувам во целост да го покажам своето сопствено јас пред себе и пред моите пријатели љубители на уметноста. Животот е краток и уметникот не смее да го чува под прекривка огледалото на сопствената душа од прашањето на времето – изјави по повод оваа изложба уметникот Горан Боев.
За кураторот на изложбата историчарот на уметност Трајче Цветков  од Музеј-галеријаво Кавадарци Горан Боев е уметник кој не се задоволува само со приказ на физичкиот свет, туку се стреми да ја открие  емоционалната, скриената димензија на своето постоење:
За него уметноста не е само физички акт на создавање, туку и патубање низ сопствените траги од детството  и личните илузии. Врз основа на овие лични искуства тој ја претставува својата душа и сето она што го дефинира како човек, уметник и индивидуалец. Тоа не се само слики, тоа се начини на ослободување,  начини на искрено и транспарентно изразување  на неговата внатрешна реалност. Секое платно на Боев  станува простор за контеплација и не само за него туку и за гледачире. Секој негов портрет, пејаж, секоја мртва природа носи со себе  и естетко доживување и лична илустрација на времето и сосптвениот иентитет. Своите делаа не ги создава да бидат дел од некоја идеализирана перцепција  за уметноста  туку ги создава искрено да го претставуваат како личност со сите рани и надежиБоев не само што создава уметност која го отелотворува неговото внатрешно патување туку ја и ја прави својата душа достапна за сите нас. Со тоа тој ни нуди не само слики туку и начин на размислување, за себе, за животот, за уметноста – вели курааторот Трајче Цветков.
Горан Боев е роден 1982 година во Кавадарци. Средно  училиште за применета уметност и Факултет за ликовна уметност завршува  во Скопје  а наистиот факултет ги завршува и постдипломдките студии под менторство на проф. Симон Шемов. Досега има реализирано над десетина самостојни изложби во Македонија и учествувано на многу групни изложби кај нас и во странство.
M.M