Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, „Перипетија продукција“ – Скопје и сараевскиот воен театар САРТР – Сараево учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.
Фестивалот „Монте Сакро“ потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста. Фестивалот на музика, танц и театар „Монте Сакро“ ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика се одигра вчера.
„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а досега доби повеќе од десет награди.