Ден на италијанскиот стрип во рамките на „Џифони“

Соработката помеѓу италијанската амбасада во Скопје и филмскиот фестивал „Џифони Македонија“, посветен на младата публика – која е исто така во својство на жири, а годинава го слави своето 10-то издание, овој пат ќе биде збогатена со нова иницијатива. Денеска ќе биде инаугуриран „Комикс деј / Ден на италијанскиот стрип“, иницијатива посветена на стрипот, со особено внимание на најпопуларните ликови креирани во Италија и нивното значење во Македонија.

Во иницијативата ќе бидат вклучени двајца познати уметници: дизајнерот Серџо Џерази и сценаристот Алесандро Билота, автори, меѓу другото, на Дилан Дог, познатата серија стрипови на Серџо Бонели Едиторе. Покрај средбата со двајцата уметници и други македонски карикатуристи, ќе бидат изложени и цртежи направени од Билота и Џерази и ќе бидат објавени победниците на конкурсот за постер посветен на ликовите на италијанскиот стрип. Иницијативата ќе биде дел и од 22-то издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот што ќе се одржи од 17 до 27 октомври, а оваа година ќе биде посветена на италијанскиот јазик што го зборуваат младите.

Денот на италијанскиот стрип и средбата со гостите од Италија ќе се одржат во Младинскиот културен центар, денеска, почнувајќи од 16 часот.