Во организација на Здружението за субкултура „ПП џез-фестивал“ од вечерва до сабота на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде одржано деветтото издание на фестивалот „Прилеп џез-викенд“. Пограмата на фестивалот е креирана со ангажирање на врвни музички бендови и артисти од Македонија – велат организаторите.

Фестивалот започнува вечерва со премиерата на филмот „Џезмен – Формата како глагол“ од Велибор Педевски, снимен на локации во ЊуЈорк, Скопје, Белград и Софија. По проекцијата на филмот, на сцена ќе настапат дечките кои и се веќе добро познати на прилепската публика и во градот настапиле преку повеќе проекти и со џез состави: Трајче Велков (труба), Зоран Костадиновски (гитара), Горан Гешовски (бас гитара), Виктор Филиповски (тапани) овој пат со авторски материјал обединети во бендот „Скопје џез инк“.

Во петок ќе настапи квартетот на Оливер Јосифовски и премиерно ќе биде проследен проектот „Фјужн дефјужн конфјужн“. Како и бендот кој кој свири различни стилски правци, кои се движат од слободен џез, електро-акустична музика и пост-рок, до минимализам и амбиентална музика. Третата вечер, на 29 август, сабота, ќе има промоција на промоција на книгата „Press & Play“ од Ненад Георгиевски, а ќе настапат и „Некст ту сајленс“. Фестивалот ќе го затворат диско пост- панк активистите Бернајс Пропаганда.

Џез фестивалот, чие мото е музичка мисла, љубов и радост годинава ќе понуди и квалитетна оф програма, а е поддржан од Министерството за култура.

Ка.М.