Издавачката куќа „Готен“ го објави романот „Циганин, ама најубавиот“ од хрватскиот писател Кристијан Новак. Станува збор за роман што е еден од најнаградуваните хрватски романи во последните години, добитник на најрелеватните награди за проза во Хрватска: наградата „Т портал“, „Ксавер Шандор Галски“ и „Фран Галовиќ“. Преводот од хрватски јазик е на Владимир Јанковски.
„Циганин, ама најубавиот“ е роман што може да се чита како криминалистички роман, љубовна приказна, општествена критика, како и филозофски роман за тоа колку нештата навистина се такви какви што изгледаат. Протагонистите сочинуваат интригантна галерија од ликови што ги препознаваме од нашите стравовите во секојдневието. Но она што од овој роман прави неповторливо читателско искуство е мајсторскиот начин на кој тие се вклопени во приказната.
Кристијан Новак (1979) е хрватски писател, лингвист и универзитетски професор. Првиот роман „Обесените“ го објавува во 2005 година, во 2013 следува „Црна мајка земја“, а во 2016 романот „Циганин, ама најубавиот“. Според „Циганин, ама најубавиот“ е настаната и театарска претстава во продукција на Хрватскиот народен театар во Загреб, во адаптација на Ивор Мартиниќ, а во режија на Ивица Буљан. Новак е автор и на социолингвистичката студија „Повеќејазичноста и колективниот идентитет на Илирите“.