Во ли­ков­на­та га­ле­ри­ја на НУЦК „Мар­ко Це­пен­ков“ во При­леп денеска ќе биде затворена пр­ва­та са­мо­стој­на из­лож­ба на ли­ков­ни­от умет­ник Вла­ди­мир Здра­ве­ски, која наиде на одличен приме кај неговите сограѓани.

Ста­ну­ва збор за те­мат­ска из­лож­ба од де­вет де­ла, кои се ре­зул­тат на истра­жу­ва­ње­то ми­кро­скоп­ски за­пи­си од раз­ни ор­га­ни и дру­ги си­ту­а­ции што се дел од ми­кро­све­тот.

– При­чи­на­та за соз­да­ва­ње­то на овие де­ла е пре­диз­ви­кот да изв­ле­чам не­ка­ква микроситу­а­ци­ја од ми­кро во ма­кро­про­стор. Нав­ле­гу­ва­ње­то нав­на­тре и кон­ти­ну­и­ра­но­то ши­ре­ње ми ја из­ме­сти­ја пер­цеп­ци­ја­та на тоа што е го­ле­мо и ма­ло, да­ле­ку и бли­ску, микро и ма­кро, се­то тоа за­ед­но ка­ко еден флу­ид што не пре­ки­ну­ва. Се­кој со­ста­вен дел од тој свет има сво­ја по­себ­на на­ме­на и уло­га зна­чај­на за се­бе и за це­ли­на­та од ко­ја е дел. Исто та­ка, се­кој дел е по­не­сен од не­ка­ква енер­ги­ја за да ја вр­ши таа функ­ци­ја, а иста­та таа енер­ги­ја е и на­ша­та дви­жеч­ка си­ла – ве­ли мла­ди­от умет­ник Здра­ве­ски.

За де­ла­та на Здра­ве­ски осврт на­пи­ша по­е­тот и но­ви­нар Фи­лип Дим­ко­ски, кој ја отво­ри из­лож­ба­та.

– Це­лос­ни­от кон­цепт на из­лож­ба­та е из­др­жан од по­ве­ќе ас­пе­кти, и тоа ко­ри­сте­ни­те мате­ри­ја­ли за соз­да­ва­ње­то на де­ла­та, фор­ма­та и бо­и­те. Си­те за­ед­но јас­но ни ја да­ва­ат авто­ро­ва­та по­ра­ка, што збо­ру­ва де­ка умет­ни­кот осоз­нал и јас­но го при­ка­жу­ва осознаено­то без да нѐ ста­ва на мис­лов­но и емо­тив­но рас­па­ќе. Влак­нен­ца­та на ју­та­та, ко­но­пот и хар­ти­ја­та пре­фи­не­то ја прет­ста­ву­ва­ат иде­ја­та. Ка­ко фор­ма пре­ов­ла­ду­ва кругот-соз­да­тел на це­ли­на­та, сим­бол на со­вр­шенс­тво­то, ка­ко што впро­чем пее и Пе­тре М. Ан­дре­ев­ски „Тр­ка­лез­но е и се­ме­то што го за­се­ју­ваш во ни­ва­та“ (од пес­на­та „Тркалез­ни фор­ми“). Тр­ка­лез­но­то се­ме го ра­ѓа тр­ка­лез­ни­от леб, кој го хра­ни тркалезниот свет – по­со­чу­ва Дим­ко­ски во освр­тот кон из­лож­ба­та.

Здра­ве­ски дип­ло­ми­рал на Фа­кул­те­тот за ли­ков­ни умет­но­сти – отсек сли­карс­тво, мо­дул кон­зер­ва­ци­ја и ре­ста­вра­ци­ја. До­се­га сво­и­те де­ла ги прет­ста­вил на не­кол­ку груп­ни излож­би во Ма­ке­до­ни­ја, САД, Сло­ве­ни­ја и во Ср­би­ја. До­бит­ник е на на­гра­да­та „Бор­ко Ла­зе­ски“ за ин­вен­тив­ни до­стиг­ну­ва­ња во об­ла­ста на сли­карс­тво­то. М.Т.