„Кино под звездите“ е насловен проектот на Центарот за креативни индустрии „Небо“ кој од денеска до 6 октомври во рамки на „Нов културен бран 2018“ во четири села ќе прикаже два македонски филма.  

Во Суводол, Вардино и Прибилци ќе биде прикажан филмот „Најдолгиот пат“ по сценарио на Петре М. Андреевски и режија на Бранко Гапо, а филмот на албански јазик „Војната заврши“ на режисерот Митко Панов ќе биде прикажан во село Обедник, каде што живее албанско и македонско население.

 – Целта на патувачкото кино е да ја доближи до публиката македонската филмска продукција и да му понуди на локалното население едновечерно филмско остварување во нивните села, соопшти Центарот „Небо“.

Патувачкото кино се реализира во соработка со Министерство за култура и Кинотека на Македонија и е во склоп на манифестацијата „Европски денови на културното наследство“.