Раскази од збирката „Мојот маж“ на писателката Румена Бужаровска се драматизирани во истоимената претстава во режија на Нела Витошевиќ, чија премиера е закажана за утревечер во 20 часот во Драмски театар.
Драмската структура на претставата е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали, и тоа драматизацијата на шест раскази и документарниот материјал произлезен од авторските монолози.
– Три теми се во фокусот на претставата: за промашен живот, честа тема кај нас бидејќи живееме во депресивно општетство, потоа темата за неверството и темата на грижа на совест – рече режисерката.
Во претставата играат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ.
Репризата на претсавата ќе биде на 20 февруари.