Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес и цунами кои го погодија индонезискиот остров Сулавеси се зголеми на 1.944 жртви, соопштија денеска локалните власти.
Повеќето жртви се од најпогодениот град Палу, соопшти претставник на Агенцијата за вонредни ситуации.
Портпаролот на Агенцијата Сутопо Пурво Нугрохо вчера изјави дека се стравува оти голем број жртви сė уште се под урнатините во погодените области.
Локалните власти вчера соопштија дека околу 5.000 луѓе сė уште се сметаат за исчезнати, од кои најмногу се од градот Палу кој беше најсилно погоден од земјотресот и цунамито на крајот од минатиот месец.
Агенцијата за вонредни ситуации вчера исто така соопшти дека индонезиските спасувачи во четврток ќе ја прекинаат потрагата по жртви.
Катастрофалниот земјотрес и цунами го погодија островот Сулавеси на 28 септември.