Фото: Твитер/Владимир Зеленски

Украинскиот претседател Владимир Зеленски вечерва во видеопорака до нацијата најави дека земјата и особено главниот град Киев ги очекува тешка ноќ, бидејќи се очекува руската армија да се обиде да упадне во Киев, пренесе ДПА.

Во речиси петминутиот говор Зелински ја повика јавноста да го брани главниот град на Украина со сите средства.