НАТО се подготвува за потенцијален воен конфликт со Русија, предупреди официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесе „Известија“.
– Всушност, Северноатлантската алијанса долго време се подготвува за потенцијален вооружен конфликт со Русија – рече таа за време на брифингот.
Истовремено, таа посочи дека Москва никогаш немала и нема агресивни планови во однос на воено-политичкиот блок. Но, НАТО ги има во врска со Руската Федерација – заклучи Захарова.