Наставник по верска култура и етика во турскиот град Адана е осомничен дека сексуално злоставувал шест ученички, од кои најстарата имала 12 години. Против него е поднесена тужба со која се бара затворска казна до 135 години, јавија турски медиуми.
Пет ученички од петто одделение им кажале на родителите дека наставникот Џ. Џ. сексуално ги злоставувувал во училница додека читале молитви, семејствата на жрвите поднеле кривична пријава.
Според информациите на турските медиуми, Џ.Џ. бил уапсен на 11 мај, а по завршување на истрагата против него е покренато обвинение за кривично дело „сексуална злоупотреба на жртви помлади од 12 години“.